„Зарем не го повреди вратот?“ – Мајка критикувана за видео во кое бебето ѝ скока од кревет на глава
- Детали
- четврток, 15 август 2019
Уште една мајка критикувана за нејзината невнимателност – објавила видео на кое додека таа скока врз сопругот, нејзиното бебе скока од кревет на спрат, на глава...
Во борбата за поголема популарност на социјалните мрежи, модерните мајки прават непромислени дела за кои очигледно немаат грижа на совест.
Света Ананас е руска Инстаграм ѕвезда, со повеќе од 50 илјади следбеници. На нејзиниот профил, таа објави видео со цел да го одбележи достигнувањето на 1 милион прегледи на вирално видео од нејзиниот сопруг.
На Инстаграм видеото, Света скока од душек врз сопругот, а неколку секунди подоцна, нејзиното 2-годишно синче ја копира и скока од кревет на спрат по што паѓа на душекот, на глава.
Малото момче за среќа не е повредено и веднаш потоа станува и се смее, но останатите родители се загрижени за неговата безбедност, бидејќи ова можело да заврши полошо.
Некои го опишуваат момчето како среќно бидејќи можело сериозно да го повреди вратот, а други ги прогласија за најлоши родители.
На овие критики, Света возврати со изјава дека и таа кога била мала го правела истото, но тогаш немало смартфони кои ќе го овековечат тоа, па луѓето не можеле да критикуваат.
Ова не е првпат контроверзната мајка да добие критики за нејзините фотки, кои често предизвикуваат дебати на социјалните мрежи.