61-годишна баба им роди дете на синот и неговиот сопруг
- Детали
- среда, 14 август 2019
Контроверзно или вредно за пофалба? Бабичка во 60-тите години од животот ја роди својата внука.
Бабата што ја роди својата внука во 60-тите години од животот откри дека тоа не било ништо поинаку од кога ги родила своите деца пред 30 години. Призна дека се изненадила од публицитетот затоа што сметала дека нè направила голема работа.
Сесил Елеџ (61) од Небраска се согласила да биде сурогат мајка за нејзиниот син Метју (32) и неговиот сопруг Елиот (29). Тие се венчале во 2015 година и одамна размислувале да основаат семејство со помош на сурогат мајка.
26-годишната сестра на Елиот се понудила да донира јајце клетки, додека Сесил да го носи бебето.
Иако раѓала пред 30 години, а пред 10 години минала низ менопауза, Сесил прифатила да се обиде да му помогне на синот и неговиот партнер.
По низа тестови докторите ѝ кажале дека има тело на 40 годишна жена. Таа забременила од првиот обид и ја родила внуката Уна.
Дел од јавноста го прогласи потегот за контроверзен, додека дел ѝ честиташе на Сесил за храброста.
С. С. | Црнобело