Го фрлил свршеничкиот прстен од 3.600 евра од карпа на Санторини, откако девојката му раскинала (видео)
- Детали
- вторник, 13 август 2019
Потегот бил непромислен и го чинел скапо, но Брендан вели дека не се кае затоа што со фрлањето на прстенот во морето му паднал товар од рамениците.
Брендан Бисли (25) од Сиднеј, Австралија особено бурно реагирал на разделбата со саканата.
Тој ѝ купил свршенички прстен од 3.600 евра и тајно организирал патување на Санторини во Грција за да ја запроси. Планирал запросувањето да биде на карпа и во прстенот инвестирал вистинско богатство.
Но, токму пред заминувањето неговата партнерка ненадејно одлучила да раскине со него.
„По 3 години заедно и без никаква причина, таа одлучи да ме напушти. Бев уништен затоа што ѝ купив прстен и организирав изненадно патување на Санторини за да ја запросам, затоа што таа отсекогаш сонуваше за биде запросена таму. Кога ме остави не ѝ кажав што всушност имав испланирано за неа затоа што не сакав да ми се смири поради тоа“, изјави Брендан.
Потоа Брендан заминал на Санторини и во мигот кога го гледал зајдисонцето на местото каде што сакал да ја запроси девојката, одлучил да го фрли свршеничкиот прстен во морето.
Тој се спријателил со туристичкиот водич на групата и го замолил да го снима неговиот потег.
„Иако ова беше скап потег, не се каам. Кога го фрлив прстенот во морето како голем товар да ми падна од рамениците“.
За Брендан работите тргнале потоа, запознал девојка од Канда и се преселил кај неа.
Фрлањето на прстенот:
С. С. | Црнобело