Како изгледа животот во Мека, еден од најжешките населени градови во светот?

Мека, во Саудиска Арабија е еден од најжешките населени градови на Земјата. Просечната годишна температура е 30 степени целзиусови, а во лето може да достигне и до неверојатни 50 степени.

kako-izgleda-zhivotot-vo-meka-eden-od-najzheshkite-naseleni-gradovi-vo-svetot-01.jpg

Покрај горештините, во овој град се собираат и многу луѓе. Градот има над 1,5 милиони жители, но секоја година, над 2 милиони аџии го посетуваат Мека.

Секој муслиман кој може да си дозволи се очекува барем еднаш да го посети градот. Главниот ден од аџилакот, кој бара молење од утро до вечер, може да биде вистински предизвик со оглед на тоа што наредните неколку години, аџилакот ќе се одвива среде лето.

kako-izgleda-zhivotot-vo-najzheshkiot-naselen-grad-vo-svetot-02.jpg

Високите температури во Мека се резултат на местоположба на градот кој е опкружен од Арабиската Пустина, а зеленило речиси и да нема. Но, високите температури не се ништо ново. Во 1985-та година, 2.000 луѓе добиле топлотен удар, од кои над 1.000 умреле.

Едно од постудените места во Мека е околу Ќаба – едно од најсветите места во исламот. Земјата околу Ќаба е направена од бел мермер увезен од Грција.

Мермерот ја рефлектира сончевата светлина во текот на денот, па останува студен дури и во најтоплите денови. Но, од аџиите се бара да бидат на отворено, па речиси сите понесуваат многу вода за да го издржат денот. Истовремено, речиси секој носи и чадор за сонце.

kako-izgleda-zhivotot-vo-najzheshkiot-naselen-grad-vo-svetot-03.jpg

За милионите локални жители, главните индустрии во Мека се туризмот и градежништвото. 13 од 15-те стари соседства во Мека се одново изградени за туризам и продажба. Ова е проблем за помалите и семејни бизниси, кои се обидуваат да се натпреваруваат со хотелите и ланците продавници и ресторани.

Во зима, температурите се малку пониски и можат да се спуштат до 18 степени Целзиусови. Во текот на целата година, има помалку од 111 милиметри дожд.

Доколку продолжи емисијата на јаглерод со истото темпо, до 2100-та година просечната температура во Мека може да достигне неверојатни 55 степени. Ова би го направило аџилакот невозможен подвиг.

Како изгледа животот во овој град:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Се омажив во Дубаи за пари, сопругот ми дава месечен џепарлак од над 30.000 долари“ Малајка е една од бројните жени, односно богати домаќинки во Дубаи и сака да се ...
„Имам над 50 алергии на храна – соучениците во средно ми подметнуваа јатки за да видат што ќе ми се ... „Првиот пат кога паднав во анафилактичен шок чувствував како грлото ми се затвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg