„Најсилната“ баба на светот: 61-годишна мускулеста жена стана вирален хит
- Детали
- четврток, 01 август 2019
Фотките од оваа супер баба го обиколија светот, таа открива дека мажите ѝ викаат дека има подобри бицепси од нив.
Линда Јегер од Канада е мажена 61-годишна баба со импресивни стомачни мускули и затегната фигура.
Таа почнала да оди во теретана во нејзините 30-ти години и вели дека натпреварите во бодибилдинг на подоцнежни години ѝ помогнале да си ја подобри самодовербата. Има 6 внучиња, а во последниве 10 години има добиено 5 титули за бодибилдинг.
Вели дека постојано добива комплименти од мажите дека има посилни бицепси од нив.
„Мојот сопруг обожава како изгледам и не му пречи кога добивам комплименти од други мажи“, вели Линда.
Како изгледа „најсилната“ баба на светот:
С. С. | Црнобело