Детален преглед на педофилскиот остров за оргии на милијардерот Џефри Епстин
- Детали
- петок, 26 јули 2019
Обвинет е за трговија со малолетни девојки и сексуално искористување, а сето ова го спроведувал од рајски остров на Карибите.
Осудениот сексуален престапник милијардерот Џефри Епстин (66) има многу недвижнини, а поседува и 2 приватни острови на кои се одвивале низа од неговите нелегални активности.
Американскиот инвеститор и финасиер е обвинет за сексуално искористување на низа девојки од по 14 години, трговија со луѓе, како и за детска порнографија.
Епстин има сексуално напаѓано и Victoria’s Secret модели во хотелски соби кои наводно ги викал на кастинзи, благодарение на неговите врски во високите општествени кругови.
Ако е осуден, може да се соочи со 45 години затворска казна.
Toj поседува два приватни острови.