Крај за шоуто на Лари Кинг
- Детали
- четврток, 16 декември 2010
Денес вечер ќе биде емитувана последната емисија на 77 годишниот Лари Кинг - Larry King Live, чиј термин од јануари 2011 ќе го наследи Пирс Морган...
...легендарен британски таблоиден новинар, кој најавува дека за Мадона ќе нема место во неговата емисија.
Пирс најави дека во неговото шоу ќе може да се видат:
„Барак Обама, Линдзи Лохан, Мел Гибсон, или било која интересна и современа личност. Мадона е здодевна. И премногу е во вегански фазон за ТВ. Денес ја имаме Лејди Гага така што Мадона е забранета во мојата емисија“ –изјавил Пирс Морган.
Претставниците задолжени за односи со јавност на кралицата на попот велат дека таа не знае кој е Пирс Морган и не чула никогаш за него.
Добар начин за да го привлечете вниманието на емисијата која треба да замени телевизиска легенда како Кинг, зар не