Го замолила цимерот да се грижи за цвеќињата додека е на пат – што добила за возврат? (фото)
- Детали
- среда, 10 јули 2019
Лорен Френч од Лондон решила да оди на патување преку Атлантикот. Но пред да замине, морала да најде некој кој ќе се грижи за нејзините растенија. Џек, нејзиниот цимер, бил совршениот кандидат за ова.
Наводно, тој бил смешен и грижлив – сè што можете да посакате од личноста која ќе се грижи за вашите растенија.
Само неколку денови откако заминала на патувањето, Џек ѝ испратил на Лорен неколку фотографии со кои ѝ покажал колку добро се грижи за нејзините растенија.
Таа ја објавила нејзината приказна со фотографиите на Твитер и напишала: „Го замолив мојот цимер да се погрижи за моите растенија додека сум настрана следните неколку недели. Ми ги испрати овие фотографии.“
Според Лорен, таа, Џек и уште двајца цимери живеат заедно. Лорен и двајца од цимерите живееле во истата куќа 5 години. Џек го познавала веќе неколку години, но тој се вселил со нив пред само неколку месеци. Очигледно, тој бил вистинскиот избор и за цимер, и за негувател на растенијата.
„Џек е најдобар. Секогаш прави навистина смешни работи како ова и секогаш нè смее. Тој е најдобрата личност што ја познавам. Нашите утрински распореди се слични, па ако јас се туширам кога ќе стане тој, секогаш ми остава шолја кафе за кога ќе завршам. Го сакаме премногу“, изјавила Лорен за нејзиниот цимер.
Лорен чувала 5 растенија, а Џек се осигурал да го добиваат најдобриот третман. Лора ги добила фотографиите три дена откако заминала и веднаш се вљубила во нив. Изјавила дека „умирала“ од смеење кога ги видела.
Коментарите на останатите твитерџии покажуваат дека и тие се вљубиле во посветеноста на Џек.
Ова се само дел од нив:
„...но изгледа како да не ги наводенува.“
„Јас би била љубоморна.“
„Дали разговарањето со растенијата помага? Во тој случај, на кој јазик? Латински?“
„Ги мразам луѓето но го сакам него.“
„Можеш ли да го замолиш твојот цимер да дојде и да се грижи за мене неколку недели?“
I asked my housemate to look after my plants whilst I’m away for the next couple of weeks. He sent me these. pic.twitter.com/7q0Q31kj6H
— Lauren (@laurenfrench) July 5, 2019
Ова било прв пат Џек да се грижи за растенијата на Лорен, но најверојатно нема да биде последниот.
Спирова С. | Црнобело