7 пријателки купиле куќа и ја претвориле во дом од соништата – за да остарат заедно
- Детали
- петок, 05 јули 2019
Започнало како шега, но идејата на овие 7 пријателки да живеат и остарат заедно во куќата од соништата – навистина се остварила.
Во 2008-ма седум пријателки имале идеја да си купат куќа од соништата во куќа и да остарат заедно во неа, но целиот разговор бил на шега.
Сепак, соништата навистина им се оствариле минатата година, кога девојките нашле имот во Гуангжу и решиле да ја реновираат куќата, така што ќе ја претворат во дом во кој ќе остарат.
За реновирање на нивната палата од соништата, тие потрошиле околу 500.000 евра, па сега имаат куќа на три спрата, со огромни стаклени прозорци од сите страни, опремена со 7 соби за секоја посебно, голема, отворена кујна, простор за одмор и чај со неверојатен поглед, прекрасен двор и базен.
„На почетокот беше шега. Си рековме дека ќе се собереме кога ќе имаме 60 години и ќе го живееме заедно пензионерскиот живот. Заедно ќе готвиме, ќе правиме скара во природа, ќе пееме и ќе береме храна од селото.“ - вели една од седумте пријателки кои се дружат веќе 20 години.
Тие се договориле дека секоја од нив ќе се усоврши во некоја вештина која ќе им биде потребна во заедничкиот живот, како што се готвење, традиционална кинеска медицина, одгледување зеленчук или свирење на инструменти.
M. M. | Црнобело