Низ фотки: Како се разладува цела Европа за време на топлотниот бран?
- Детали
- вторник, 02 јули 2019
Локалците и туристите низ Европа последниве неколку недели се разладуваат каде ќе стигнат, со оглед на тоа што температурите упорно се покачуваат.
Со високо ниво на влажност, утрински температури над 30-тиот степен, а дневни кои ја надминуваат и 40-ката, локалците и туристите се очајни за разладување.
На некои им помага сенката и сладоледите, други решаваат да шетаат голи, трети да се пробањаат низ фонтаните кои инаку немаат таква намена.
Локалните реки и езера се преполни, гужви се создаваат под секоја сенка, а вода се продава или полни на секој чекор.
Како се разладува Европа, додека сонцето безмилосно пече и топлотниот бран е сериозно загрижувачки:
М. Д. | Црнобело