„Кога девојка ми ме нервира ѝ го правам челото на фотки поголемо“ – одмазда на модерните парови
- Детали
- понеделник, 01 јули 2019
Во една објава на Твитер што се прослави многу брзо, Теодор Гуси открил дека кога неговата девојка Адилен Венегас почнува да „му оди на нерви“, тој ги обработува фотографиите со неа и ѝ го прави челото поголемо. Навистина подло и генијално.
Теодор од Чикаго споделил и неколку примери од неговите дела, објавувајќи пред и потоа фотографии од неговата девојка. Клучното во овој „проект“ е суптилноста – не изгледа смешно, но челото на девојката дефинитивно изгледа поголемо.
Теодор напишал: „Понекогаш, кога девојка ми ме нервира, објавувам фотографии каде што нејзиното чело е обработено да биде малку поголемо.“
Тој исто така открил дека големината на главата зависи од тоа колкаво е несогласувањето помеѓу нив. Во описот тој додал: „Обично не ги објавувам, но ова е вистинско нешто, само малку или драматично ѝ го зголемувам челото во зависност од нивото на гнев.
На луѓето, се разбира, им се допаднала идејата. Еден од корисниците напишал: „Ова направи да се смеам гласно пет минути.“ Друг пак додал дека е гневен бидејќи не се сетил прв на ова.
https://twitter.com/Tgflx1/status/1144072151181549568/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144072151181549568&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.ladbible.com%2Fcommunity%2Fnews-man-gets-back-at-girlfriend-by-editing-photos-of-her-20190630
За да му покаже на светот дека можат да се шегуваат еден со друг без последици, Адилен коментирала на оригиналната објава: „Никогаш нема да ти простам за ова, но те сакам.“
Спирова С. | Црнобело