Внуката и полицијата ѝ ја исполниле желбата – 93-годишна баба уапсена првпат во животот

Кога здравјето на 93-годишната Џози Бирд почнало да се влошува, таа му кажала на нејзиното семејство дека има една неисполнета желба – да биде уапсена барем еднаш, за што било.

na-93-ti-godishna-baba-i-ja-ispolnile-zhelbata-da-bide-uapsena-01.jpg

Нејзината внука Пем Смит изјавила дека баба ѝ има златно срце и дека била добра со неа целиот нејзин живот. Бидејќи сакала да ѝ исполни барем една од желбите, Пем отишла во полицијата во Грејтер Манчестер со чудно барање.

na-93-ti-godishna-baba-i-ja-ispolnile-zhelbata-da-bide-uapsena-02.jpg

Во едно интервју, главниот инспектор Дениз Пај изјавил:

„Во овој случај, и за краток период, можевме да ѝ ја исполниме желбата на постара жена и да ѝ подариме ден што ќе го помни. Додека се случуваше ова, полицајците од областа си продолжија со нивните должности за да се осигураме дека оваа кратка посета ќе нема никакво влијание на пошироката област. Сакаме заедницата да се чувствува безбедно во наше присуство и удобно кога сака да ни пријде.“

na-93-ti-godishna-baba-i-ja-ispolnile-zhelbata-da-bide-uapsena-03.jpg

na-93-ti-godishna-baba-i-ja-ispolnile-zhelbata-da-bide-uapsena-04.jpg

Пем ја споделила призната на Твитер, заедно со неколку фотографии од „апсењето“ на нејзината баба.

Во објавата стои:

„Големо благодарам до полицијата за 'апсењето' на мојата баба Џози. Таа има 93 години и нејзиното здравје се влошува и сакаше да биде уапсена за што било, пред да биде предоцна. Таа има златно срце и денес вистински уживаше. Ви благодарам што ѝ ја исполнивте желбата.“

https://twitter.com/sterlingsop/status/1142550835345448967/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1142550835345448967&ref_url=https%3A%2F%2Ftwistedsifter.com%2F2019%2F06%2Fgranny-josies-dying-wish-to-be-arrested-gets-granted%2F

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg