15-годишно момче прогласено за „матурска кралица“ откако се појавило во розов фустан
- Детали
- среда, 26 јуни 2019
15-годишен тинејџер собрал храброст токму на завршната училишна церемонија да се покаже во право светло. Изненадувачки, добил голема поддршка.
Хавиер Паркинс поминал 6 часа подготвувајќи се за прославата, облекувајќи нежно розов фустан и стилизирајќи ја долгата руса коса. Плус, сам си ја средил и шминката.
Признава дека бил преплашен да се појави така пред своите соученици кои дотогаш не го знаеле во ова светло, но потоа бил пресреќен.
Неговата мајка била негова најголема поддршка: „Комплетно сум воодушевена. Не можам да замислам од каде треба да имаш толкава храброст на 15 години да го направиш ова.“
Хавиер добил огромна поддршка, што дури и бил прогласен за „матурска кралица“, па оттаму си заминал со златна статуетка како признание за неговата храброст.
М. Д. | Црнобело