Запознајте ја Џулија Хокинс, 103-годишна жена која сруши рекорд во спортски маратон
- Детали
- вторник, 25 јуни 2019
Кога некој ќе наполни 100 години, обично го славите фактот што личноста успеала да доживее 10 децении. Но на 103-годишна возраст, Џулија Хокинс постигнала нешто невообичаено за луѓето во овие години.
Оваа недела, Џулија, која го добила и прекарот „Ураган“, го сруши рекордот за најстарата жена што се има натпреварувано во Националните игри за стари луѓе.
Ова е натпревар што се состои од 20 спортски дисциплини, каде што учествуваат мажи и жени над 50 години. Ова е најголемиот настан од овој вид.
Но не само што се натпреварувала, туку Џулија освоила и злато во трките на 50 и 100 метри. Покрај тоа што таа е најстарата личност што се пријавила на маратонот, Џулија е и најстарата личност што се натпреварувала во трчање во Америка.
Најинтересно е што Џулија не ни почнала да трча сè додека не наполнила 100 години. Пред тоа таа била велосипедист, но после повреда на лактот решила да му даде шанса и на трчањето. Изгледа дека и овој спорт ѝ оди одлично.
Кога имала 101 година, Џулија го поставила својот прв рекорд за луѓе над 100 години, завршувајќи ја трката за 39,62 секунди. Иако завршила 6 секунди подоцна од претходниот рекорд, таа била задоволна од резултатот, па дури на шега изјавила дека сепак е две години постара.
Џулија признала дека тренира многу малку и дека најчесто се подготвува со истегнување и градинарство. Што и да прави очигледно функционира, бидејќи таа има срушено неколку светски рекорди за атлетика.
И покрај сите достигнувања, Џулија е најгорда на нејзините деца и нејзиниот сопруг кој починал на 95-годишна возраст.
„Тие беа најубавите нешта во мојот живот – и внуците и правнуците. Ова се нешта што не можете да ги победите. Ова другото, трчањето, е само јагода на шлагот.“
Сепак, Џулија смета дека е важно да останеме бидеме активни постојано во животот. Нејзиниот совет е да бидеме во најдобра форма што можеме, да имаме многу страсти и да ги бараме магичните моменти.
Спирова С. | Црнобело