Дупка во вилица и искршени заби - Електронска цигара експлодирала во устата на тинејџер
- Детали
- петок, 21 јуни 2019
17-годишно момче претрпело сериозни повреди во устата и вилицата, откако неговата електронска цигара експлодирала.
Многумина ги користат електронските цигари за откажување од вистинските, но не се свесни на ризикот од нив.
Тинејџер од САД поминал низ кошмар откако неговата електронска цигара му експлодирала во уста.
Неговата мајка му го купила уредот за да се откаже од пушењето цигари, а веројатно зажалила откако дознала за инцидентот.
„Остин дојде со раката на уста. Беше во шок и не можеше да зборува.“ – изјавила неговата мајка.
Нејзиниот син за време на експлозијата на електронската цигара, се здобил со изгореници, дупка во вилицата и искршени заби.
„Ткивото како да имаше испарено. Се соочувам со многу скршеници на вилица и сум видел секакви случаи – од напад од мечка до повреди од сообраќајни несреќи... сум видел секакви луди работи, но никогаш не сум видел експлозија од е-цигара.“ – изјавил хирургот.
Инаку, инцидентот се случил во март 2018, но неодамна бил детално објаснет во медицински весник. По операциите, момчето морало да ја држи вилицата затворена 6 недели, а во тој период можел да внесува само течности.
Специјалистите советуваат дека иако овие уреди се добри за откажување од цигари и се помалку штетни од нив, сепак луѓето мора да се свесни за ризикот од експлозија на истите, која најчесто се случува заради прегреани батерии, а ова не е прв таков случај.
Секако голема улога има компанијата која ги произведува, но важно е да се обрне поголемо внимание на безбедноста и заштитата од вакви несакани ситуации.
M. M. | Црнобело