Кој е Александар Велики – инстаграмџијата што насекаде се слика со бањарка и шампањ во раце? (фото)
- Детали
- петок, 21 јуни 2019
Самопрогласениот џетсетер цело време плаќа спонзорирани објави, обидувајќи се да им го прикаже неговиот луксузен живот со стил, на што повеќе корисници на социјалната мрежа.
На профилот со корисничко име аlexander_dgr8, инстаграмџијата кој себеси се нарекува Александар Велики и тврди дека има персиски корени, всушност се наоѓа лик што или ќе ве фасцинира, или, пак, насмее до солзи со „гламурозните“ фотки.
Филантропот, мотиватор, претприемач и инвеститор во недвижен имот, како што му стои во описот, љуби насекаде да се слика облечен во бањарка со дизајнерски потпис и шише скап шампањ во рацете, дури и на неочекувани места.
Пасија му се и луксузните автомобили, хеликоптери, авиони и јахти, па си позира сам или во придружба со особена гордост, презентирајќи им го на 100-илјадите следбеници, ама и сите оние до кои допираат спонзорираните објави што цело време ги плаќа, сето богатство кое наводно го поседува.
Самопрогласениот џетсетер е стациониран во Лос Анџелес, Калифорнија, но како интернационална „ѕвезда“ патува ширум светот. Според информациите кои се достапни на интернет, Алекс Бостанијан има ерменско потекло.
Реакциите се поделени – од саркастични и коментари со навредлив тон, до љубовни изјави и молби за милионерот да им посвети внимание.
Погледнете дел од раскошниот живот на мажот со завидна колекција на бањарки и шампањ: