Татко ѝ работи прекувремено за нејзината свадба од соништата, а таа бара донации за раскош
- Детали
- вторник, 11 јуни 2019
Таткото на идна невеста работи прекувремено за да може да ги покрие трошоците за свадбата, а таа бесрамно бара од непознати луѓе донации и уште пари за раскош од соништата.
Секоја девојка посакува свадба од соништата, но за жал буџетот не секогаш овозможува остварување на целите од детството.
Сепак, многу парови успеваат скромно да ја направат нивната свадба од соништата, бидејќи на крајот од денот, љубовта и разбирањето се она што ви е потребно, а не раскошот.
Но, една девојка од Ирска, одлучила дека сака раскошна свадба иако не може да си ја дозволи, па ги преминува сите граници со нејзината упорност.
Нејзиниот татко работи прекувремено за да успее да ја плати свадбата, но таа одлучила да бара донации од непознати луѓе за да може да си дозволи луксуз.
Секако, хумано е да се помогне, па во ред е да се побара некој да подари фустан, да ѝ понуди бесплатна шминка и слично, но да се собираат пари за декорации, втор фустан, фустани за другарките, па уште и меден месец, според многумина е претерано.
Апелот гласи:
„Го запознав мажот од соништата пред 2 години и ме побара за жена. Ја планираме свадбата во октомври 2019-та, а поголемиот финансиски товар за свадбата падна на грб на татко ми.
Тој работи неколку работи и останува прекувремено за да успее да ја плати мојата прва и единствена свадба. Сепак, потребни ми се уште неколку работи, а не сакам да барам од него уште пари.
Потребна ми е фризура и шминка, втор фустан, фустани за девериците, декорации и свадбена торта. Сакаме да одиме и на меден месец ако собереме доволно пари.
Ве молам инвестирајте во пар кој никогаш нема да се откаже еден од друг. За бајка! Ви благодариме што ќе ни ги остварите соништата.“
На социјалните мрежи таа беше критикувана за нејзините претерани барања, а многумина напишаа дека се згрозени.
Дел од коментарите гласат дека парот сам треба да си ја плати свадбата, па ја осудуваат што воопшто бара нејзиниот татко толку да се мачи, па згора на сето тоа, бара и непознати луѓе да донираат за нејзините желби.
Што мислите вие за ова?
М. М. | Црнобело