Зошто сите жени носеа бело на кралската вечера со Трамп?
- Детали
- четврток, 06 јуни 2019
Фустаните во ист тон на кралицата Елизабета, војвотката Кејт Мидлтон и првата дама Меланија Трамп им паднаа во очи на многумина. Во јавноста веќе кружат повеќе теории за ваквата коинциденција. Дали беше случајна или намерна?
Светот наголемо се интересира за деталите поврзани со службената посета на Велика Британија од страна на Доналд Трамп.
Американскиот претседател неодамна присуствуваше на свечена вечера во придружба на семејството, каде покрај истакнатите членови на монархијата, гости беа и влијателни личности од политичката сцена.
Иако протоколот не го наложуваше тоа, мнозинството припаднички од понежниот пол одбраа бели тоалети, вклучувајќи ги англиската кралица Елизабета Втора, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и првата дама на САД Меланија Трамп.
Постојат луѓе кои веруваат дека нивниот потег не е случајност, па излегоа со лични толкувања.
Ова се четирите најинтересни теории зошто сите жени носеа бело на кралската вечера со Трамп:
1. Кралицата е во бело – сите се во бело.
Според првата теорија, кралицата Елизабета се одлучила за бел фустан, што ги поттикнало и останатите припаднички од британското кралско семејство на идентичен чекор. Меланија Трамп потоа била советувана од страна на протоколот, па сите заедно блеснаа во истата боја.
2. Белата е чест избор на кралските семејства.
Оваа (не)боја неретко се одбира за креациите со кои претставниците на монархијата ќе се појават на свечени и државнички вечери, бидејќи на неа им се највидливи кралските обележја.
Војвотката од Кембриџ, на пример, за првпат ја носеше сината лента, којашто ја симболизира нејзината улога како член на Кралскиот Викторијански Ред. Таа посебно дојде до израз на белата позадина.
3. Меланија Трамп ја копира Мишел Обама.
Дури беше на позицијата прва американска дама, Мишел Обама исто така носеше бел фустан, присуствувајќи на државен банкет со кралицата во 2011 година.
Оттука, некои заклучија дека Меланија сѐ уште „краде“ инспирација од нејзината претходничка. И не единствената славна жена со која ја споредија госпоѓата Трамп.
Со модниот избор за попладневното дружење со кралицата, многумина ги потсети со стилот и на комбинациите на принцезата Дијана.
4. Белата боја има посебна симболика.
Четвртата теорија повторно се темели на идејата за взаемен договор, ама нејзините поборници сметаат дека за белата се одлучиле поради нејзината симболика.
Таа е боја која означува добрина, светлина и позитивност, па со ваквиот потег сакале да ја нагласат својата слога и заедништво.
М. А. | Црнобело