Жените во Јапонија го кренаа својот глас - бараат закон против задолжително носење штикли на работа

Повеќе од 19.000 луѓе во Јапонија ја потпишале петицијата со која бараат закон кој ќе им забрани на работодавачите да ги тераат жените да носат штикли на работа.

zhenite-vo-japonija-go-krenaa-svojot-glas-baraat-zakon-protiv-zadolzhitelno-nosenje-shtikli-na-rabota-01.jpg

Жените во Јапонија се изморени од носење неудобни високи чевли на работа, па организираа движење со кое бараат заштита од владата од работните места кои бараат задолжително носење штикли.

zhenite-vo-japonija-go-krenaa-svojot-glas-baraat-zakon-protiv-zadolzhitelno-nosenje-shtikli-na-rabota-02.jpg

Илјадници поддржувачи го изразуваат револтот зад хаштагот #KuToo, што е комбинација од јапонсите зборови што означуваат чевли и болка.

Инаку, иницијативата ја започната Јуми Ишикава, 32-годишна актерка која вели дека морала да ја промени кариерата откако морала да помине 8 часа на штикли на тренинг.

zhenite-vo-japonija-go-krenaa-svojot-glas-baraat-zakon-protiv-zadolzhitelno-nosenje-shtikli-na-rabota-03.jpg

Многумина го осудуваат тоа и го сметаат за родова нееднаквост, бидејќи на жените им е наметнато правило за носење чевли на потпетица, додека мажите уживаат во удобни чевли. На голем број работни места, на жените им е наложено да носат високи потпетици, дури и ако позицијата не им е поврзана со работа со луѓе. 

zhenite-vo-japonija-go-krenaa-svojot-glas-baraat-zakon-protiv-zadolzhitelno-nosenje-shtikli-na-rabota-04.jpg

Иако од голем број луѓе ова движење и петиција наидува на поддршка, сепак институциите се скептични дека ќе успеат да постигнат нешто, бидејќи станува збор за менување на целото општество.

Што мислите вие за задолжителното носење штикли на работното место и вреди ли жените да го кренат својот глас?

zhenite-vo-japonija-go-krenaa-svojot-glas-baraat-zakon-protiv-zadolzhitelno-nosenje-shtikli-na-rabota-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg