Маж ја уценил сопругата да бира помеѓу него и кучињата – таа одбрала да спасува кучиња
- Детали
- четврток, 16 мај 2019
Некои луѓе ги бираат животните пред луѓето, а токму таква одлука донела Лиз, кога нејзиниот сопруг побарал да одбере помеѓу него и кучињата кои ги спасува и вдомува.
Лиз Хаслам мислела дека ќе биде со нејзиниот сопруг до крајот на животот, бидејќи тој е нејзината сродна душа, но работите тргнале наопаку.
Тие се запознале на 16 години и се заљубиле, а по завршување на средно училиште, се венчале и почнале да живеат заедно.
Парот имал дете по име Оли, биле во брак преку 25 години, но ништо од овие елементи на љубовната приказна не е доволно за нивната љубов да биде вечна.
Тие се соочувале со пречки, а капката што ја прелила чашата била неговата нетолеранција кон нејзината љубов за кучињата.
Лиз била дел од хуманитарна организација за спасување на кучиња на кои им треба помош и таа секојдневно им давала љубов и се грижела за 30 кучиња кои барале медицинска грижа и внимание.
Нејзиниот сопруг работел многу, а таа одлучила нејзината љубов и време целосно да ги посвети на кучињата, па тоа го ставило сопругот на последно место, со оглед на тоа што Лиз постојано вдомувала кучиња во нивниот дом.
Таа поминува по 18 часа на ден грижејќи се за кучињата, носејќи ги на прошетки и троши стотици долари за лекови и третмани за нив.
По одреден период, иако нејзиниот сопруг знаел дека таа од мала сака кучиња, сепак не можел повеќе да издржи и побарал од неа да бира помеѓу него и кучињата.
Секако, со оглед на тоа што долг период претходно нејзината љубов за кучињата ја надминала и онаа кон него, Лиз без размислување одлучила да остане со кучињата и оттогаш се разделиле засекогаш.
Оваа ситуација го донела семејството до фактури од ветеринар со сума од 4.000 долари, по што Лиз била приморана да живее во шатор бидејќи не можела да си ја плати киријата.
Сепак, Лиз го сака тој начин на живот и ја прави среќна спасувањето на кучиња. Што мислите, дали е тоа доволно за среќен и исполнет живот?
М. М. | Црнобело