Секој 14-ти ден од месецот го посветуваат на љубовта – зошто Јужна Кореја има преслатка традиција?
Јули: Сребрен ден
Овој ден е наменет за оние коишто се во посериозна врска, за разлика од тинејџерите. Обичајот е да се подари нешто сребрено и да разговара за плановите во иднина. Многу партнери решаваат да се верат токму на овој ден или да ги запознаат родителите на момчето/девојката.
Август: Зелен ден
Двојките најчесто одат на излет, во парк, на екскурзија, секаде каде што има зеленило и каде што може да уживаат во убавиот летен ден. 14 август е исто така одличен ден за сингл луѓето се излезат со своите пријатели и да испијат пијалак од зелено шише.
Септември: Фотки во пар
На 14 септември се слави фотографирањето на партнерите. Се најмуваат дури и професионални фотографи со цел да се овековечи љубовта на фото-хартија, а во последните години паровите си прават и многубројни селфи фотки.
Октомври: Црвен ден
Ова е денот на виното. Се прославува со панаѓури и настани каде што се служи вино, коешто во Азија станува сè повеќе популарно и ја симболизира романтичната љубов.
Ноември: Ден за филм
Без разлика дали ќе се решат да гледаат филм дома или во кино, паровите во Јужна Америка го посветуваат 14 ноември на заедничкото гледање филмови. Тие си подаруваат и колачиња на истиот овој ден.
Декември: Ден на прегратката
Конечно пристигнува зимата и годината е при крајот, а ова е одличен период да се даде, но и добие прегратка не само од партнерот, туку и од пријателите и семејството. На 14 декември паровите воедно си подаруваат скапи и екстравагантни подароци со цел да покажат колку многу си значат едни на други.
(О)Милена | Црнобело