Секој 14-ти ден од месецот го посветуваат на љубовта – зошто Јужна Кореја има преслатка традиција?

Славите годишнини од врските? Можеби специјално го одбележувате неколкумесечниот период поминат со вашиот партнер? За најголемиот дел од популацијата во светот 14 февруари, односно Св. Валентин е денот резервиран за срциња, вино, рози, чоколадо и љубов.

Sekoj-14-ti-den-vo-mesecot-go-posvetuvaat-na-ljubovta-01.jpg

Но, во Јужна Кореја еден ден очигледно не е доволен. Токму затоа тие го слават секој 14-ти ден во секој месец од годината, славејќи ја љубовта обоена со најразлична тематика.

Како изгледа тоа? Според нас дефинитивно вреди да се проба, станува збор за интересна и преслатка традиција:

Јануари: Лични дневници

На 14 јануари двојките си подаруваат дневници или планери со цел да ги запишат своите заеднички планови, цели, но и ветувања кои планираат да ги остварат. Сакајќи да го симболизираат времето кое го поминале, но и ќе го поминуваат заедно во иднина, паровите си подаруваат свеќи во различни големини и бои.

Sekoj-14-ti-den-vo-mesecot-go-posvetuvaat-na-ljubovta (9).jpg

Февруари: Св. Валентин

Иако важи за празник кој се прославува исклучиво од „помодарство“ и е дојден од западната култура, сепак 14 февруари се прославува и во Јужна Кореја, но на малку поинаков начин. Подароците и чоколадите ги купуваат и подаруваат жените, а според традицијата најдобро е доколку самите ги направат.

Sekoj-14-ti-den-vo-mesecot-go-posvetuvaat-na-ljubovta (8).jpg

Март: Бел ден

На 14 март време е мажите да возвратат на гестот од претходниот месец. Овој пат тие се на ред да подаруваат чоколади, слатки и бонбони, но исклучиво во бела боја со цел да им покажат на партнерите дека припаѓаат заедно. Најчесто треба да подарат двојно или тројно повеќе чоколатца отколку што добиле.

Sekoj-14-ti-den-vo-mesecot-go-posvetuvaat-na-ljubovta (18).jpg

Април: Црн ден

Во Јужна Кореја сингл луѓето дефинитивно не се заборавени. Мажите и жените се облечени во црно од глава до пети на 14 април. Се собираат заедно и ја јадат традиционалната паста Jajangmyeon направена од подебели пченични тестенини во црн соја сос во комбинација со зеленчук, месо или морски плодови.

Ова јадење е одбрано со цел да понуди утеха за сите оние кои не размениле никакви подароци во претходните месеци, со надеж дека следната година ќе биде подобро.

Sekoj-14-ti-den-vo-mesecot-go-posvetuvaat-na-ljubovta (11).jpg

Мај: Жолт ден

Во Азија, жолтата боја симболизира љубов и двојките се облекуваат или си подаруваат жолти цвеќиња, најчесто рози на 14 мај.

Sekoj-14-ti-den-vo-mesecot-go-posvetuvaat-na-ljubovta (7).jpg

Јуни: Ден за бакнување

Во Јужна Кореја, 14 јуни е одличен изговор за паровите да ја прослават љубовта низ еден од најуниверзалните начини во светот – бакнување. Многу врски кои штотуку започнале се официјализираат токму на овој романтичен ден со бакнеж.

Sekoj-14-ti-den-vo-mesecot-go-posvetuvaat-na-ljubovta (1).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg