Хит црвените чевли на папата Бенедикт vs. скромниот стил на папата Франциск (фото)
- Детали
- вторник, 07 мај 2019
Папата Франциск е познат како поскромен за разлика од папата Бенедикт чии црвени чевли еднаш беа дури прогласени за моден додаток на годината.
Се сеќавате ли на фамозните црвени чевли на папата Бенедикт? Црвената боја во минатото симболизирала дека сте значајна личност, па аристократите често ставале аксесоари во црвена боја.
Во историјата чевлите на папата биле симбол за нешто величествено, па некогаш верниците дури ги бакнувале, како што денес се прави со прстенот на папата.
Од сите папи во историјата папата Бенедикт обрнуваше најголемо внимание на своите чевли. Тие беа впечатливи и црвени, а од еден магазин беа дури прогласени за „моден додаток на годината“ во 2007.
Чевлите на Бенедикт му ги правел италијанскиот дизајнер Адриано Стефанели, кои имал светски клиенти од типот на Барак Обама.
Во 2013 година Бенедикт поднесе оставка. По него со Ватикан владее папата Франциск, кој ја посети и Македонија.
Тој не е толку специфичен како Бенедикт. Чевлите му се обични црни, а се вози и со автобус.
Папата Франциск е поскрмен дури и во стајлингот и често кога прави избор на поскромни материјали, па често се одлучува за волна и памук, а ја намалува дозата на свила на себе.
Дури и кројачите што работат за него велат дека неговиот стил е скромен и едноставен.