„Невеста по пошта“ - 23-годишна Филипинка е во брак со 71-годишен британски пензионер
- Детали
- вторник, 16 април 2019
Тој ѝ пишал на Фејсбук, се запознале во 2014 година, ја запросил неколку месеци подоцна и сега имаат 2-годишна ќерка.
Лори фе Далс (23) од Филипини пред 4 години се омажи за 48 години постар британски пензионер. Луѓето ја нарекуваат „невеста нарачана по пошта“, а таа инсистира дека е вљубена во 71-годишниот Томас Крег.
Томас ѝ пишал прв на Лори во 2014 година на Фејсбук бидејќи му се допаднал нејзиниот изглед. За него тоа било љубов на прв поглед, иако на почеток Лори се воздржувала поради преголемата разлика во години.
Првиот состанок им бил на Филипини во јули истата година на нејзиниот роденден и иако била исплашена и нервозна се вљубила веднаш штом го сретнала во живо.
Нивната романса го натерала Томас да ја запроси уште на првиот престој на Филипини, откако минале заедно само неколку месеци. Потоа следувало венчавка и во 2016 година ја добиле нивната ќерка Мери.
Иако нивните семејства ја прифатиле врската, Лори вели дека странците сè уште им префрлаат и заклучуваат дека Томас си купил млада невеста и дека Лори е невеста нарачана по пошта.
Лори со ќерката живее на Филипини, а Томас секоја година минува таму по 5 месеци за да биде со нив. Во останатиот дел од годината тој со нив комуницира преку Скајп.