Мини куќа - и ова е возможно!
- Детали
- четврток, 18 ноември 2010
Малечките куќи во последно време стануваат се помодерни, посебно во Токио. Fuyuhito Moriya е сопственик на минијатурен дом кој го дели со својата...
...мајка и е еден од најимпресивните од оваа големина.
Сместен е на дел од паркинг простор за еден автомобил. Кога Fuyuhito Moriya го купил овој простор од 30 метри квадратни во Токио, бил огласуван како простор за паркинг за автомобил.
Тој се решил да „се паркира“ таму заедно со својата мајка во проект кој чинел $500.000 долари со многу архитектонска генијалност.
Неговата соба е мала, од прилика колку еден плакар, а работите се сокриени позади секој ѕид, склопени во секое ќоше. Спиралните скали кои ги поврзуваат трите ката, се направени вертикално со мал дијаметар.
Лавабоата изгледаат како да се пресечени на половина. Прозорците се поголеми од вообичаено со цел да го осветлат просторот колку може повеќе.
„Големината не е важна“ вели Морија. „Мене ми е важна атмосферата, околината и соседството. Јас сум фокусиран на живот во одредена област и окружување.“
На видеото е прикажана кратка прошетка низ овој минијатурен дом.