„Бидете фини еден кон друг“ - Тој има 103 години, таа 100 и прославија 82 години брак
- Детали
- петок, 05 април 2019
Нивната љубовна приказна започнала кога се сретнале во 1935 година, се вљубиле еден во друг и стапиле во брак 2 години подоцна.
Тие ја прославија 82-рата годишнина од брак и го дадоа најдобриот совет за врските.
Д. В. Вилијам (103) и Вили Вилијамс (100) од Северна Каролина имаа прослава по повод нивниот долг брак со 115 пријатели и членови од нивното семејство.
Парот откри дека тајната на успешниот брак е да бидете фини еден кон друг и да не се расправате, туку кога има недоразбирање да седнете и да зборувате. Вие сте тим кој треба да го одржи добриот брак.
„Комуникацијата, љубовта и вложувањето труд заедно се тајната. Плус, мора да бидете најдобри пријатели. Ние уживаме минувајќи го најголемиот дел од времето заедно правејќи едноставни работи како гледање телевизија и решавање крстозборки“, порачуваат тие.
Инаку, нивната љубовна приказна започнала кога се сретнале во 1935 година, се вљубиле еден во друг и стапиле во брак 2 години подоцна.
С. С. | Црнобело