Пар со брод крстари низ светот 8 години - таму се венчаа и добија 3 деца
- Детали
- петок, 15 март 2019
Прво се смееле кога на шега си ја кажале идејата да дадат отказ од работа и да пловат низ светот со брод. Сега се „навлечени“ на тоа.
Пар кој си даде отказ на работа, ја напушти Велика Британија и замина на патување низ светот на неколку години, сè уште патува.
Во текот на оваа авантура тие се венчаа и добија 3 деца.
Џес Лојд-Мостин (36) претходно никогаш не стапнала на брод, но со нејзиниот партнер Џејмс почна да крстари низ светот во 2011 година и велат дека не планираат да се вратат дома во брзо време.
Тие продадоа сè што имаа во Лондон за да си го финансираат патувањето. Ги посетија Карибите, Тахити, Нов Зеланд, Фиџи и низа други земји и се вљубија во овој начин на живот, па одлучија да основаат семејство на бродот.
Како изгледа нивната животна авантура:
С. С. | Црнобело