Лина Медина, 5-годишното девојче што роди бебе - вистинска приказна за едно украдено детство

Докторите во Писко, Перу, не можеле да си поверуваат на своите очи кога прв пат ја виделе Лина Медина. Тие мислеле дека има тумор во стомакот, но наскоро сфатиле дека се соочуваат со еден од најчудните случаи во историјата на медицината.

Lina-Medina-5-godisnoto-devojce-sto-rodi-bebe-01.jpg

Семејството ја однело младата Лина во болница, а таму ја прегледал докторот Џерардо Лозада. Репродуктивните органи на Лина биле целосно развиени, а таа била во осмиот месец од бременоста.

Лина всушност почнала да добива менструација уште на три години, но подоцнежните испитувања покажале дека таа страдала од состојба што се нарекува „преран пубертет“ и нејзината менструација всушност започнала кога имала само 8 месеци.

Нормално, пубертетот започнува на 11 години кај девојчињата, а 12 кај момчињата. Прераниот пубертет е состојба кога тој се појавува порано од 8-годишна возраст кај девојчињата или 9-годишна возраст кај момчињата. 

Lina-Medina-5-godisnoto-devojce-sto-rodi-bebe (3).jpg

Тој се карактеризира со зголемени гради, развој на влакна на пубисот и под мишките, како и забрзано растење. Кај Лина, тоа значело дека може да има и бебе.

Неколку недели по посетата на докторот, на 14 мај 1939 година, Лина се породила со царски рез, бидејќи нејзиниот пелвис бил премал за да се породи природно.

Lina-Medina-5-godisnoto-devojce-sto-rodi-bebe (4).jpg

После цели 78 години, ова останува најмлад потврден случај на човечка бременост.

Бебето било здраво и добро оформено и го крстиле Џерардо, а Лина ја напуштила клиниката по неколку дена. Лина е сè уште жива и има 85 години. Се омажила во седумдесетите и тогаш родила втор син.

Таа и нејзиниот син биле одгледувани и растени како брат и сестра во селото каде што се родени. Никој не знаел дека се мајка и син. Дури ниту самиот Џерардо не знаел, сè додека не наполнил 10 години.

Lina-Medina-5-godisnoto-devojce-sto-rodi-bebe (6).jpg

Се разбира сите се прашуваме како се случило ова.

Никогаш не се дознало кој бил таткото или како дошло до забременувањето. Таткото на Лина бил уапсен веднаш по инцидентот, за сексуална злоупотреба, но подоцна бил пуштен поради недостаток од докази.

Lina-Medina-5-godisnoto-devojce-sto-rodi-bebe (1).jpg

Еден натпис од 1955 година, сугерира дека во селата на Андите, како она во коешто е родена Лина, има прослави коишто често завршуваат со оргии, а и силувањата не биле исклучок. 

Но сепак, никогаш не се дознало како 5-годишната Лина забременила, бидејќи таа никогаш не кажала ништо за случајот.

Lina-Medina-5-godisnoto-devojce-sto-rodi-bebe (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg