Куси шорцеви, длабоко деколте: Ана Паула де Силва - политичарката што не почитува дрес код
- Детали
- петок, 08 февруари 2019
Иако нејзиниот последен стајлинг го шокираше светот, таа вели дека ќе продолжи да носи и минималистички бикини и провокативни стајлинзи, а и ќе се слика со нив.
Бразилската пратеничка Ана Паула де Силва (43) на полагањето заклетва во Бразил облече црвен костим со длабоко деколте и предизвика лавина од негативни реакции низ целиот свет.
Таа го предизвикува револтот кај дел од граѓаните и со тоа што на некои официјални настани оди со фармерки, прикачува фотографии на социјалните мрежи во куси шорцеви и минималистички бикини, а понекогаш се шета и со куси топови и гол стомак.
Де Силва е мајка на две деца, а порано била и градоначалник. На негативните критики за нејзиниот стајлинг само порача дека ова е нејзиниот стил и им советува на сите да се концентрираат на важните политички прашања, а не на неа.
За разлика од поголемиот дел од политичарките низ светот, таа не внимава на дрес кодот и мрази предрасуди.
Фотки од контроверзната политичарка:
С. С. | Црнобело