Донеси го бившиот на забава за Валентајн - твоето „ѓубре“ за друг може да биде богатство
- Детали
- среда, 06 февруари 2019
Дали ова е најбизарниот начин за да го поминете Денот на вљубените или супер идеја?
Австралискиот хотел QT Hotels and Resorts ќе организира уникатни забави на 5 локации во Австралија за Денот на вљубените годинава. Забавите се за сингл луѓе, но изненадувачки е што сите гости треба да понесат свој поранешен партнер/ка.
Пораката е дека можеби тоа што за вас не чинело, ќе чини за некој друг, односно тоа што за вас е „ѓубре“ за друг е богатство, па така вашиот поранешен партнер може ќе биде совршен за некој друг, а нечиј туѓ поранешен, за вас.
Исто така, сметаат дека ако сè уште постои искра помеѓу вас и бившиот можеби токму тоа е денот кога таа ќе се разгори.
Реакциите за необичниот настан се измешани.
Што мислите вие за идејата?
С. С. | Црнобело