Жена откри дека момчето ѝ го спасило животот 6 години пред да се сретнат
- Детали
- понеделник, 04 февруари 2019
Нивната уникатна љубовна приказна е доказ зошто донирањето крв е бесценето.
Lin Xiaofen од Тајван имала сообраќајна незгода со сериозни последици пред 11 години. По ужасната незгода докторите морале да и дадат трансфузија и потребно ѝ било многу крв.
Таа потоа закрепнала, но имала нарушување кое значело дека и во иднина и се потребни трансфузии.
11 години подоцна на своето момче Lian Zhicheng, кој е редовен донор на крв, му кажала за незгодата и се шегувале дека можеби токму негова крв тече во нејзините вени.
На шега одлучиле и да проверат, па спровеле мало истражување во болницата и парот открил дека тој навистина бил меѓу донорите кои ѝ го спасиле животот.
Инаку, парот се запознал години по незгодата и почувствувале инстантна поврзаност. Ова откритие сега само ја зајакнало нивната врска.
Тие им порачуваат на сите да донираат крв затоа што ете можеби ќе ја спасат нивната идна сопруга или сопруг.
С. С. | Црнобело