Како беа сфатени пораките на банани кои Меган им ги напиша на загрозените улични сексуални работнички?
- Детали
- понеделник, 04 февруари 2019
Минатата недела, Меган Маркл и принцот Хари посетија хуманитарна организација за сексуални работници и помогнаа во пакувањето на оброци.
Оваа хуманитарна органзиација им помага на жените да ја напуштат уличната сексуална работа, каде многу од нив се соочуваат со злоставување, сиромаштија или зависност.
Од организацијата им нудат секаков тип на поддршка и помош, а за време на пакувањето на оброците за работничките, Меган дошла до генијална идеја.
„Имате ли маркер? Имам идеја. “ – Меган побарала маркер и започнала да пишува кратки, но моќни пораки на бананите кои биле дел од оброкот за жените.
„Ти си силна, ти си храбра, ти си сакана, ти си посебна“ се само дел од пораките кои таа ги напиша на бананите, а раскажа дека идејата ја добила од жена која работела во школска кафетерија и со кратки пораки на банани ги мотивирала учениците.
https://twitter.com/washingtonpost/status/1067065712412450818?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeed.com%2Fhazelshearing%2Fmeghan-markle-banana-messages
Извршниот директор на организацијата, Ана Смит, подоцна им се заблагодари на кралскиот парк што помогнале:
https://twitter.com/annasmithCEO/status/1091369565735567361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeed.com%2Fhazelshearing%2Fmeghan-markle-banana-messages
Но, како ги сфатија пораките на Меган и нејзиниот добар гест работничките, до кои беа упатени истите?
Додека едни ги сфатиле како одличен, љубезен потег, други го сфатиле тоа навредливо и сметаат дека можела да направи многу повеќе од тоа да напише 3 збора на банана.
„Луѓето овде се борат за сон и храна, а таа ни подарува некои зборови на овошје. Има моќ да ни помогне многу повеќе од тоа. Малку е навредливо, знаете...“
„Надвор е многу ладно и навистина е борба да се соберат пари, да се стане од кревет и да се излезе вечерва, па секаква помош е добрoдојдена.“
Што мислите вие за потегот на Меган?
М. М. | Црнобело