Костарика е една од најсреќните земји - што прават тие луѓе различно од другите?
- Детали
- недела, 03 февруари 2019
За разлика од други земји во светот, Костарика очигледно некои нешта правилно ги прави и ги избира, за да биде една од најсреќните земји во светот.
Според претседателот Карлос Алвардо Кесада, голем дел од средствата предвидени за војската биле пренаменети во образованието, бидејќи државата го цени талентот и добросостојбата на своите жители.
Исто така, со кратењето на трошоците за војската, се пренамениле средства за заштита на животната средина, а 99% од струјата доаѓа од обновливи извори.
Иако заработуваат од продажба на фосилно гориво, заработените средства ги користат за заштита на шумите и зелените површини. Во последните неколку години интензивно се пошумуваат површини во Костарика, а со тоа се зачувува и здравата животна средина.
Од друга страна пак, ваквите мерки придонеле луѓето да бидат поздрави и посреќни, а странците да сакаат да доаѓаат на одмор.
Луѓето исто така се долговечни и имаат просечен животен век од 78,5 години. Жителите се грижат и за социјализацијата и одржувањето на реалните контакти, наместо на виртуелните.
Сепак, не е е сè толку прекрасно, бидејќи стапката на убиства изнесува 12,1 на 100.000 жители (податок од 2017 година), што е многу повеќе до глобалниот просек од 5,3 убиства на 100.000 жители. Криминалот е една од темните дамки со кои Костарика и понатаму се бори.
Во однос на економијата, Костарика не е една од најстабилните и најликвидните, но сегашната власт се заложува за најрамномерно распределен буџет во потребните сектори.
Иако и таму владееше економска криза, сегашните власти умеат да располагаат со она што останало во државната каса, а тоа е еден од главните предуслови за поставување основа на стабилна економија.
Е. Д. | Црнобело