Низ реални фотки и видеа: Како изгледа Америка деновиве со температури до -40˚С?
- Детали
- петок, 01 февруари 2019
Температури до 40˚С под нулата, замрзнати езера, смртни случаи - Америка деновиве ја зафати екстремно студен бран.
Овој „смртоносен поларен вортекс“ како што го нарекуваат некои прогнозери, ги спушти температурите низ Америка дури и до -40˚С.
Во Чикаго, температурите се спуштија до -23˚С, што е најниска во последните 150 години, што предизвика и замрзнување на петтото најголемо езеро во светот, Мичиген.
https://www.youtube.com/watch?v=mlZw0oWVT2U
Температурите низ некои делови во Америка се алармантни, со оглед на тоа што се пониски од оние на Антарктикот, а граѓаните се советуваат да не дишат длабоко или да зборуваат кога се надвор.
Ситуацијата е навистина опасна, екстремниот студ предизвика и смртни случаи, се очекува температурите да се спуштаат уште повеќе, а луѓето објавуваат фотки и видеа со кои се обидуваат да покажат како изгледа деновиве Америка.
Некои од нив успеваат да најдат и хумор во целата оваа ситуација:
Кога на Антарктикот е „потопло“ од некои делови во Америка
Толку е ладно, што тоалетите на луѓето замрзнуваат...
А, може да замрзнете и тестенини...
Што се случува кога ќе излезете надвор, ако косата ви е дури и малку влажна:
“Is Iowa really THAT cold?” pic.twitter.com/htxSZzy2QB
— Taylor Scallon (@taylor_scallon) January 31, 2019