Ова се жените кои ви ги направија преубавите Zara фармерки купени на попуст
- Детали
- среда, 30 јануари 2019
Овие жени работат во NASAA групацијата, каде се шијат фармерките од Zara кои успеавте да ги начекате на попуст.
Но, она што не го знаете е дека жената која ви ги направила ZARA фармерките веројатно работи од нејзини 16 години и спаѓа во 4-те милиони работници кои без паузи и нормални услови работат во 4.500 фабрики во Бангладеш.
Заработуваат помалку од 100 долари месечно, што е само четвртина од просечните месечни трошоци.
Деновиве решија да го подигнат својот глас и да се обединат на протестите со цел да се изборат за своите работнички права.
„Ве молам немојте да ми ја сечете косата,“ низ солзи велела Бобита, една од жените која протестираше за своите работнички права, но притоа врз неа била употребена сила за да се спречи во намерата.
Нејзините фотографии, иако се далеку од пријатни, се проширија вирално, прикажувајќи ја бруталната страна на светот во кој живееме:
Во продолжение, фотки од жените кои ви ги направија преубавите фармерки кои веројатно ги имате на себе во моментов:
М. Д. | Црнобело