Снежни „ѕидови“ од 8 метри, оставени автомобили: Животот во најснежниот град во светот (фото)
- Детали
- недела, 13 јануари 2019
-->
Има неколку тротоари со греачи за топење на снегот, но во поголемиот дел од градот луѓето постојано носат чевли со шилци и со лопатите отстрануваат снег.
Најснежен град на светот, според AccuWeather, е Аомори и се наоѓа во Јапонија. Овој крајбрежен град e лоциран во северниот дел на Јапонија, помеѓу планини и залив.
-->
Во зимските месеци тука паѓа многу снег и неретко има сопирање на јавниот превоз и автомобили оставени на патот.
Сепак, и покрај проблемите, жителите на овој град пронаоѓаат начини како да го слават снегот со низа фестивали и традиционални организирани годишни прошетки низ снегот.
Како изгледа животот во Аомори, најснежниот град на светот:
Во овој град живеат 279.000 луѓе.
-->
-->
Неговата крајбрежна местоположба во комбинација со планините се „виновниците“ за најголемите снежни наноси во светот.
-->
Ветровите од планините и морето се мешаат и креираат брзо многу облаци.
Поради ниските температури не паѓа дожд, туку снег.
-->
Градот во просек има снежни наноси од 8 метри секоја година, помеѓу ноември и април.
Toa e драстично повеќе од јапонскиот град Сапоро, кој е „во трка“ со него, а во просек има 5 метри снежни наноси годишно.
Возењето низ Аомори понекогаш е како возење помеѓу глечери.
Низ овој град минува автопатот Hakkoda-Towada Gold Line кој се затвора секоја зима, а пред отворањето во април тим со булдожери и специјална механизација го чистат речиси еден месец.
Бидејќи од автопатот се отстранува многу снег понекогаш се формираат снежни ходници со ѕидови високи и по 8 метри.
Снежниот тунел е толку импресивен што секоја година доаѓаат туристи да го видат овој дел од автопатот, долг 8 километри, пред да биде отворен повторно.
На помалите улици во градот жителите постојано чистат и ангажираат служби.
Чистењето на снег со лопата во Аомори е приказна без крај и се прави наутро, попладне, навечер без прекин.
Уште 11 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де...
Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца
„Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот
„Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото)
„Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“
„Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција?
Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...