99-годишна баба добила љубовно писмо од исчезнатиот свршеник по 77 години

Таа ја прифатила неговата понуда за брак, но одговорот пристигнал 77 години подоцна: „Само да знаеш колку ме направи среќен, драга“.

99-godishna-baba-dobila-ljubovno-pismo-od-ischeznatiot-svrshenik-po-77-godini-01.jpg

Таа ја прифатила неговата понуда за брак, но потоа не добила одговор. Одговорот пристигнал 77 години подоцна.   

Филис Понтинг е 99-годишна бабичка која добила љубовно писмо од нејзиниот поранешен свршеник, 77 години откако тој исчезнал за време на Втората светска војна.

99-godishna-baba-dobila-ljubovno-pismo-od-ischeznatiot-svrshenik-po-77-godini-03.jpg

Ова рачно напишано писмо било пронајдено во ковчег во товарен брод потонат на дното од Атлантскиот Океан, кој се претпоставува дека потонал во 1941 година. Бидејќи немало кислород и светлина писмото, заедно со стотици други, било како во вакуум како во конзерва, па успеало да опстане.

Последното писмо што Филис му го испратила на нејзиниот тогашен свршеник Бил Вокер, кој бил на фронтот, е дека ја прифаќа неговата понуда за брак.

Но, откако не добила повратен одговор, мислела дека тој се премислил во меѓувреме.

99-godishna-baba-dobila-ljubovno-pismo-od-ischeznatiot-svrshenik-po-77-godini-04.jpg

Но, во писмото кое дури сега стигнало до неа Бил напишал дека бил пресреќен и дека посакувал таа да е таму кога го отворал писмото за да ја види неговата реакција. „Само да знаеш колку ме направи среќен, драга“, ѝ напишал Бил.

До денес Филис не знае дали тој ја преживеал војната. Потоа таа се омажила за друг маж со кого има 4 деца, 4 внучиња и 7 правучиња.

99-godishna-baba-dobila-ljubovno-pismo-od-ischeznatiot-svrshenik-po-77-godini-02.jpg

„Не верувам дека Бил ја преживеал војната затоа што во спротивно тој сигурно ќе дојдеше на мојата адреса“, вели Филис и открива дека нејзиниот живот ќе бил многу поинаков ако на време го добила неговото писмо и ако тој се врател од војната.

„Сигурно ќе се земевме. Тој ме сакаше многу“, заклучува таа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg