Туристите разочарани: Зошто го тргнаа легендарниот знак „I amsterdam“?

Ако сте го посетиле Амстердам, тогаш сигурно сте се сликале со знакот „I amsterdam“ во главниот и најголем град на Холандија.

turistite-razocharani-zoshto-go-trgnaa-ikonskiot-znak-i-amsterdam-01.jpg

Но, дали знаете дека холандските политичари донесоа одлука дека овој иконски знак (Јас сум Амстердам) е премногу индивидуалистички и е спротивен од прогресивните вредности за почитување на различностите?

Тие сакаат да прикажат вредности како толеранција и солидарност, а овој слоган не одел во прилог на тоа. Плус, овие букви се сметале за симбол на масовниот туризам и на негативниот ефект од истиот.

turistite-razocharani-zoshto-go-trgnaa-ikonskiot-znak-i-amsterdam-05.jpg

Слоганот кој стоеше пред Државниот музеј, посветен на уметноста и историјата на градот, веќе 14 години беше атракција за туристите кои се сликаа со него.

Сега, буквите ги натоварија на камион и ги тргнаа оттаму.

turistite-razocharani-zoshto-go-trgnaa-ikonskiot-znak-i-amsterdam-02.jpg

Но, многу луѓе не се среќни поради одлуката. Некои тврдат дека со овој потег како да сакаат да го убијат духот на градот. „Како ќе го доживеете Амстердам ако не можете да се возите со велосипед, да одите кај I Amsterdam и да позирате со буквите?“. Тој слоган ги поврзуваше луѓето, симболизираше дека сите заедно поврзани го сочинуваме Амстердам.

Дебата околу исправноста на потегот продолжува. Што мислите вие?

Некогаш:

turistite-razocharani-zoshto-go-trgnaa-ikonskiot-znak-i-amsterdam-06.jpg

turistite-razocharani-zoshto-go-trgnaa-ikonskiot-znak-i-amsterdam-08.jpg

turistite-razocharani-zoshto-go-trgnaa-ikonskiot-znak-i-amsterdam-07.jpg

Сега:

turistite-razocharani-zoshto-go-trgnaa-ikonskiot-znak-i-amsterdam-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пораснала во бегалски камп, хиџабот ѝ е заштитен знак - Животната приказна на манекенката Рауда Муам... Рауда има 11 браќа и сестри. Со семејството избегала од граѓанска војна, а позна...
Нов портрет на принцот Луи за 6-иот роденден – Кејт ја прескокна традицијата за најмалиот син Секоја година на родендените на децата Кејт Мидлтон точно на полноќ објавуваше н...
Меланија и Иванка Трамп модно усогласени на првото појавување со Трамп во оваа кампања Иванка во бело, а Меланија во црвено издание… Двете жени кои се бореа за медиумс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg