Делат исто момче, зависнички се од пластични операции: Ана и Луси - најконтроверзните близначки на светот
- Детали
- понеделник, 03 декември 2018
Секоја ноќ го делат креветот со истото момче, а досега имаат дадено повеќе од 250.000 долари за пластични операции.
Идентичните близначки Ана и Луси ДеКинк веќе години наназад ги полнат медиумите со своето контроверзно однесување. 33-годишните сестри од Перт, Австралија досега имаат дадено 250.00 долари на пластични операции.
Тие сакаат да бидат „најидентичните близначки на цел свет“ и одат дотаму што делат исто момче. Иако биле природно убави, Ана и Луси станале зависни од импланти во градите, затегнување на кожата, филери во усните и низа други зафати.
Во еден миг тие дури имале направено 14 зафати за убавина во само 2 седмици.
Веќе 8 години се во врска со истото момче и велат дека се надеваат дека еден ден ќе се омажат за него, ако успеат да издејствуваат промена на законот. Автомеханичарот Бен секоја ноќ го дели креветот со двете сестри.
Како изгледаат контроверзните близначки:
С. С. | Црнобело