Девојки се сликаат со новогодишни елки на глава – новиот бизарен Инстаграм тренд (фото)
- Детали
- вторник, 04 декември 2018
На социјалните мрежи постојано се појавуваат нови трендови кои вирално се шират и повторуваат.
Па, деновиве на Инстаграм, освен што може да видите новогодишни декорации во домовите, може да ги забележите и на главите на девојките.
Најновиот бизарен тренд на оваа социјална мрежа се фотките од девојки со новогодишни елки и декорации во косата.
Девојките кои сакаат да бидат во тренд ја претвораат косата во елка во вид на конус и на неа редат сијалички, лампиони и други новогодишни украси.
Crazy Christmas Tree Hair!Check out this crazy Christmas tree inspired hair!
Posted by What's Trending on Wednesday, December 14, 2016
Crazy Christmas Tree Hair!Check out this crazy Christmas tree inspired hair!
-->-->Posted by What's Trending on Wednesday, 14 December 2016
Ако мислевте дека досега сте виделе сè – фотките со хаштаг „christmastreehair“ ќе ве изненадат повторно.
Што мислите, до каде ќе оди ова лудило, би го пробале ли и вие овој „тренд“?
М. М. | Црнобело