Во Јужна Кореја работниците одат во лажни затвори за да избегаат од стресот

Некои од нив работат по неверојатни 2.024 часови годишно и чувствуваат дека се гушат од темпото и преголемиот стрес и само сакаат да побегнат од сè.

vo-juzhna-koreja-rabotnicite-odat-vo-lazhni-zatvori-za-da-izbegaat-od-stresot-01.jpg

Дали понекогаш се чувствувате преморено од сите тие работни обврски, телефонски повици кои не сопираат и тон мејлови? Дали на моменти ви доаѓа желба да се исклучите од сè?

Во Јужна Кореја постои институција наменета само за тоа. Станува збор за лажниот затвор „Prison Inside Me“ каде плаќате 80 евра за да минете 24 часа затворени. Целта е да им се помогне на работниците од оваа држава, кои работат и по 2.024 часови годишно, да се ослободат од стресот.

Проектот стартуваше во 2013 година, од страна на Noh Ji-Hyang, која откри дека идејата ја добила од сопругот, кој работел по најмалку 100 часа неделно и ѝ кажал дека една седмица во самица навистина би го рехабилитирала.

Работењето екстремно многу е практика во Јужна Кореја, иако законски е предвидено 52 работни часа неделно.

Од почетокот на функционирањето, па досега, во институцијата „Prison Inside Me“ се имаат пријавено повеќе од 2.000 луѓе, кои сакаат да ја остават работата и електронските апарати на страна и да одморат во самотија.

При стапнувањето во овој лажен затвор мора да потпишете дека ќе почитувате низа правила, како тоа дека не смеете да комуницирате со другите затвореници или да носите часовник на раката. Се облекувате во сина затворска униформа, спиете на јога душек на подот од ќелијата, и имате само сет за чај, тоалет, пенкало и тетратка. Ништо друго, дури ниту огледало.

По престојот таму луѓето велат дека тоа не е затвор, туку одмор, а затворот е надвор со работното темпо на кое му се враќаат.

Дали би направиле ваков драстичен чекор за да се ослободите од стресот?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот ... „Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’“ – жена од САД ја раскажува хо...
19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...
Дарувал крв 1.100 пати, со што спасил над 2 милиони бебиња: Кој е Џејмс Харисон, познат како „човеко... Џејмс Харисон е познат како „човекот со златна рака“. Тој е крводарител кој има ...
„Не заслужувате да сте родители“ - Брачен пар ги оставил децата во кабина на крузер за да одат сами ... „На сличен начин беше киднапирана Медлин МекКен пред неколку години, а денес све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg