Жена добила совет од болницата да си собере пари за лекување преку „GoFundMe“
- Детали
- среда, 28 ноември 2018
Има прекрасни и хумани луѓе од целиот свет кои ќе донираат кога сме во неволја, но зарем здравственото осигурување во нашите држави не треба да се грижи за нашето здравје?
Хеда Елизабет Мартин од страна на болницата „Spectrum Health Richard Devos Heart and Lung Transplant Clinic“ била советувана да си покрене кампања „GoFundMe“ за собирање добротворни средства за да си дозволи трансплантација на срце.
Според нивната проценка таа моментално не била кандидат за операција и ако сака да биде оперирана мора да си обезбеди финансии.
Самохраната мајката го прикачила писмото, што го добила од болницата, на Фејсбук и тоа брзо се проширило, но потоа го избришала.
Писмото поттикна револт кај луѓето од целиот свет кој го покренуваат прашањето дали треба да се лечиме собирајќи добротворни прилози или нашите држави и здравствени осигурувања треба да ни го обезбедат тоа.
Здравствените системи во повеќе држави низ светот, меѓу кои и нашата, потфрлаат во овој поглед и луѓето од цел свет порачуваат дека прекрасно е што постојат хумани личности, но мора да се сфати дека „GoFundMe“не е здравствено осигурување.
Без да има друг избор, синот на Хеда, Алекс, навистина покренал „GoFundMe“ кампања за неговата мајка да добие ново срце затоа што таа била разочарана, здравствената состојба ѝ била лоша и немала друг избор.
Сепак, ова не е решението... Државите мора да преземат нешто.
Реакциите на Твитер за нејзиното писмо:
https://twitter.com/Ocasio2018/status/1066351594843844608/photo/1
https://twitter.com/bschapiroMD/status/1066716414113918976/photo/1
https://twitter.com/DanRiffle/status/1066340719189786626/photo/1
https://twitter.com/RyanEGraney/status/1066117594762158081/photo/1
С. С. | Црнобело