Суровата реалност и контрастот помеѓу двата света во кои живееме, низ фотки
- Детали
- вторник, 27 ноември 2018
Додека го живеат својот совршен живот, многумина не се свесни како изгледа животот на другата страна од светот.
Постои огромен контраст помеѓу „двата света“ во кои живееме, каде едните живеат нормален живот, додека другите не знаат што ги очекува секој нареден ден, дали ќе имаат кров над глава или ќе мора да избегаат од уништените објекти, експлозиите и убиствата.
Токму тој контраст го прикажува момче од Турција, кој сака да им покаже на сите која е разликата помеѓу различниот начин на живот, како изгледа секојдневието во овие два различни света и колку треба да бидеме благодарни, но и да сочувствуваме за она што се случува на другата страна.
Uğur ги објавува на неговиот Инстаграм профил фотките на кои ретко кој ќе остане рамнодушен, а за себе вели:
„Јас сум Uğur. Живеам во Турција, која се наоѓа веднаш до една од најопасните држави во модерниот свет. Контрастот помеѓу овие територии рефлектира два различни света за мене, а тоа ме инспирираше да го прикажам ова во мојата работа.“
Погледнете некои од неговите најдобри фотографии кои ќе ве замислат: