Зошто ресорт на Бали на инфлуенсерките им забрани сликање на омилениот базен?
- Детали
- вторник, 27 ноември 2018
Социјалните мрежи се преплавени со бајковити фотографии од овој рајски базен.
Ресортот „Ayana Resort and Spa“ на Бали им е омилен на инфлуенсерките од цел свет и таму тие прават незаборавни фотографии.
Но, изненадувачки одговорните од ресортот забранија фотографирање на познатиот базен „River Pool“ од комплексот.
Забраната доаѓа поради кампањата „In The Moment“. Од 9 наутро до 17 часот попладне нема да бидат дозволени телефони, камери, апарати и други електронски направи во близина на базенот за да се сочува мирот и гостите да може да уживаат во мигот.
Но, инфлуенсерките ќе може да се сликаат во другите базени.
Животот е всушност уживање во мигот, а не ловење на совршениот кадар е пораката што ја носи оваа кампања.
Дел од фотките направени во познатиот базен:
С. С. | Црнобело