Најсушната пустина облеана во море од розови цвеќиња
- Детали
- недела, 25 ноември 2018
Пустината Атакама во Чиле е една од најсушните во светот, а најчесто и најсушна на годишно ниво. Таму се има случено да не заврне цели 170 месеци.
Под слојот сув песок и почва, со години се кријат семињата на ретките малва цвеќиња. Нив им е доволен само краток дожд за да се активираат и да цветаат извесно време.
Бурите и циклоните што се случуваат во близина на американските континенти донесоа дождови и во најсушните делови, па така во Атакама неодамна изникнале розовите цвеќиња, кои оддалеку личат како да се истурени врз карпите и исушената почва.
Исто така, во Атакама има над 200 видови цвеќиња, но малвата е најспецифична и најретка од нив. Меѓутоа, кога цути, личи на розово море кое се излеало во пустината.
Е. Д. | Црнобело