Од утрински молитви до продавање весници: Што се случува во 8 часот наутро на различни страни од светот?

Сите имаме различни утрински ритуали – до 8 часот, некој веќе го има испиено утринското кафе, друг почнува со работа, а трет упорно стиска „snooze“ на алармот.

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-01.jpg

Животот на различни страни во светот многу се разликува, па така и утрински навики на луѓето од различни земји може да ве изненадат.

Белгискиот фотограф Pascal Mannaerts патувал до Азија, Африка и до Блискиот исток за да ги улови луѓето во утринските часови и да прикаже како изгледа тоа.

Неговата фото серија ја нарекол „8 часот наутро низ светот“, а го започнал проектот бидејќи сакал да ја улови прекрасната утринска светлина, како и чувството да го започнеш денот на непознато место со отворен и свеж ум.

Погледнете како изгледа утрото на луѓето на различни страни од светот и споредете го со вашето:

Младо момче ѝ намига на камерата додека ужива во утринскиот пијалак во Kyaiktiyo, Мијанмар

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-02.jpg

Група мажи си ги мијат забите во уличка пред да го започнат денот во Колката, Индија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-03.jpg

Деловно облечен млад маж позира за камерата додека ужива во цигара пред да се упати на работа во Токио, Јапонија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-04.jpg

Младо момче продава весници по улиците на Дака, Бангладеш

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-05.jpg

Жена седи на под и ја извршува утринската молитва во Јангон, Мијанмар

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-06.jpg

Младо момче се освежува утрински во река во Колката, Индија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-07.jpg

Група млади монаси утрински се истегнуваат во Варанаси, Индија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-08.jpg

Расположена жена се смее додека оди да ги заврши утринските обврски на фарма во Монголија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-09.jpg

Аџиица лежи на под и се моли на улиците на Ласа во Тибет со бројаница пред неа

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-10.jpg

Патници се возат во метро и се занимаваат со весници и телефон во Токио, Јапонија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-11.jpg

Група млади момчиња се забавуваат во утрото додека се бањаат во Варанаси, Индија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-12.jpg

Маж оди бос по плажа додека сонцето се пробива низ маглата во Бенин

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-13.jpg

Маж ужива со затворени очи во утринските сончеви зраци во Џодпур, Индија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-14.jpg

Постара жена пали стапче темјан за почеток на новиот ден во светиот град Вриндаван, Индија

od-utrinski-molitvi-do-prodavanje-vesnici-shto-se-sluchuva-vo-8-chasot-nautro-na-razlichni-strani-od-svetot-15.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Имам над 50 алергии на храна – соучениците во средно ми подметнуваа јатки за да видат што ќе ми се ... „Првиот пат кога паднав во анафилактичен шок чувствував како грлото ми се затвор...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg