На 3 години - 60 килограми
- Детали
- среда, 13 октомври 2010
Очајна мајка од градот Guangzhoa во јужна Кина ги моли лекарите да и помогнат да ја намали килажата на својот син кој тежи импресивни 63 килограми.
3-годишниот Xiao Haou веќе бил исфрлен од неколку локални градинки затоа што заради својата тежина бил опасен за останатите деца.
„Тој не е злобен, само е голем и сака да си игра. Го носам на пливање, но тешко е да се пронајдат гаќици кои би му одговарале“ – вели мајка му.
Некои лекари веруваат дека Xiao Haou има пореметување на хормоните за растење, додека други велат дека е жртва на синдромот „Мал цар“ – синдром на размазеност кој е дозволен во кинеските семејства со едно дете.
„Тој не само што е тежок, туку и е многу висок, но може да се лечи ако проблемот е хормонски. ВО секој случај, не може да остане во ваква состојба бидејќи неговото срце не би можело да издржи“ – вели доктор Лу од детската болница Hong Guangdong.