Девојка го нашла свршеничкиот прстен купен за неа и се пожали на Фејсбук дека е грд
- Детали
- среда, 07 ноември 2018
Наместо да се радува што момчето планира да ја побара за сопруга, таа се жалела на Фејсбук поради лошиот избор на свршенички прстен.
Бирањето на вистинскиот свршенички прстен е тешка работа за мажите. Но, ако врската е вредна ќе славите дури и ако добиете помалку од совршен прстен, зарем не?
Но, една девојка не мисли така.
На Reddit осамна објава од жена која случајно го нашла свршеничкиот прстен купен за неа во плакарот на нејзиното момче. Не ѝ се допаднал, па одлучила да го објави во една Фејсбук група и да побара совет како дискретно и тактички да му посочи на момчето дека треба да ѝ купи поинаков прстен.
Коментарите на Reddit беа крајно осудувачки. Луѓето ѝ пишуваа дека таа со потегот го изневерила оној што ја сака безусловно и дека се молат тој да ја види нејзината објава и да избега од неа и никогаш да не ја запроси.
Еден коментар гласеше дека ако таа навистина го сака нема да ѝ биде важно каков е прстенот и дека ова е црвена тревога за нивната врска, дека треба да биде среќна што тој купил прстен и сака да ја побара за сопруга, наместо да го критикува изгледот на прстенот.
С. С. | Црнобело