Најчудните цркви на светот се наоѓаат во Индија (фото)
- Детали
- недела, 11 ноември 2018
Нивната архитектура не е ни налик на нашите религиозни храмови. Препознатливи се по светлите пасттелни бои и екстравагантните декорации, а во дел од градбите, може да се пронајдат и скулпури на светци, глобуси и светото писмо.
Индискиот регион Керала е дом на некои од најчудните цркви во светот. Повеќето се изградени веднаш по независноста на земјата во 1947 година.
Заеднички именител им е футуристичкиот изглед и ѕвездените мотиви, кои може да се пронајдат на фасадите, или, пак, во внатрешноста на објектите. А, постои дури и еден храм во форма на брод.
Областа се најде во фокусот на новиот проект „Постоколонијално Богојавление“ од уметничкиот колектив „Haubitz + Zoche“, чии фотографи добиле задача да ги овековечат на слика навистина фасцинантните градби.
Погледнете како изгледаат „црквите што не личат на цркви“:
M. A. | Црнобело