Малите деца не учат кога е под −45°C: 14 факти за животот околу Северниот поларен круг

Условите за живот се сурови, а во зима се будите и работите во ноќ. Цените на храната се вртоглаво високи, а исто така и одењето на одмор е речиси неизводливо.

malite-deca-ne-uchat-koga-e-pod-45-14-fakti-za-zivotot-okolu-severniot-polaren-krug-01.jpg

Северен поларен круг (или арктички круг) е еден од петте главни напоредници на картата на светот. Подрачјето северно од поларниот круг се нарекува Арктик, а подрачјето веднаш на југ е северниот умерен појас.

Јакутск на пример е руски град сместен околу 450 километри под поларниот круг. Постојат и други населени места каде владее екстремен студ и тоа најмногу во Русија, Шведска и Норвешка.

Како се живее во пределот на Северниот поларен круг?

1. Постојат денови кога е забрането да се излегува од домовите поради ниските температури и силните ветришта. Најмалите деца не одат во училиште кога температурата е под −45°C, додека постарите ученици под −51°C. Секое утро им започнува со слушање на временската прогноза на радио. Инаку, студентите и вработените секогаш учат, односно работат.

malite-deca-ne-uchat-koga-e-pod-45-14-fakti-za-zivotot-okolu-severniot-polaren-krug-02.jpg

2. Кога времето е лошо, авионите не може да летаат и има проблем со доставата на продукти. Бидејќи храната се носи од далеку, цените се вртоглаво високи. Но, постојат и локални продукти како риба и месо. Ловците и риболовците се многу значајни за луѓето да не умрат од глад кога нема можност за достава.

malite-deca-ne-uchat-koga-e-pod-45-14-fakti-za-zivotot-okolu-severniot-polaren-krug-03.jpg

3. За време на поларната зима, а со тоа и поларната ноќ и да погледнете од прозорецот нема да успеете да откриете кој дел од денот e . Затоа препорачливо е секогаш да носите часовник. Сонцето го има само по неколку часа на ден и тоа срамежливо се обидува да продре низ маглата. Во останатиот дел од времето е темница. За среќа, белината на снегот и светилките малку ја ублажуваат ситуацијата.

malite-deca-ne-uchat-koga-e-pod-45-14-fakti-za-zivotot-okolu-severniot-polaren-krug-04.jpg

4. За време на летото, доаѓа поларниот ден и сонцето не се трга од небото цело лето. За спиење мора да ставите темни завеси или маска на очите. Инаку, во лето луѓето стануваат поактивни и дружељубиви и дури и во 2 часот по полноќ може да видите како родители се шетаат со мали дечиња затоа што е сончево.

malite-deca-ne-uchat-koga-e-pod-45-14-fakti-za-zivotot-okolu-severniot-polaren-krug-05.jpg

5. Луѓето имаат многу долги одмори, понекогаш дури и до 4 месеци. Тоа е одлично, но патувањата им се скапи затоа што прво со авион треба да одат до некој голем град, па дури оттаму до нивната дестинација за одмор. Некои си ги собираат деновите од одмор со години за да може да заминат некаде на 6 месеци. За нив не важи како за нас 10 дена на море.

malite-deca-ne-uchat-koga-e-pod-45-14-fakti-za-zivotot-okolu-severniot-polaren-krug-06.jpg

6. Најдобра занимација во пролет и лето им е набљудувањето на огромните блокови мраз кои се придвижуваат. Тогаш има воодушевувачка глетка и прават одлични летни фотографии.

malite-deca-ne-uchat-koga-e-pod-45-14-fakti-za-zivotot-okolu-severniot-polaren-krug-07.jpg

Уште 7 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg